| четврток, 6 декември 2018 |

Лекарите се борат за животот на Ламар Одом

lamar_odom

Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом доцна синоќа бил пронајден во бессознание во една јавна куќа во Невада.
Како што пренесуваат американските медиуми, канцеларијата на шерифот во округот Њу Кантри околу три часот наутро добила повик дека на околу 70 километри од Лас Вегас, потребна е медицинска помош за човек кој не дава знаци на живот.
Се претпоставува дека посегнал по дрога, а во моментов лекарите се уште се борат за неговиот живот. Не можеле со хеликоптер да го пренесат во болница поради неговата висина.
Тој бил пронајден во соба во борделот „Ранч на љубовта“, а од носот му течело крв и од устата испуштал пена. Тоа се значи за предозираност со наркотични средства. Тој и во минатото неколку пати беше тема во јавноста поради конзумирање на алкохол и на дроги, а поради овие зависности се разведе и од Клои Кардашијан.

Двата шампионски прстени кои ги освои во неговата кариера, беа во 2009 и 2010 година кога настапуваше за дрим-тимот на ЛА Лејкерс. Во 2011 година, Ламар Одом беше прогласен и за најдобар шести играч во НБА – лигата, а играше и за ЛА клиперс, Мајами, Далас, а на крајот од кариерата го облече и дресот на шпанскиот тим Лаборал Куча.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top