Пожарот кој синоќа ги вознемири жителите на скопски Аеродром што избувна во складиште за оштетени дрвени прагови од пруга, во близина на касарната „Гоце Делчев“ најверојатно бил подметнат.
Командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Благоја Менковски за МИА посочи дека најверојатно станува збор за намерно подметнат пожар при кој само незаначително се оштетени складираните стари дрвени прагови.
– По дојавата за пожар веднаш испративме три противпожарни возила, но кога стигнавме на местото на настанот увидовме дека се работи за незначителен пожар и две возила веднаш повлековме во базата. Едно противпожарно возило остана на терен за да го локализира пожарот, изјави Менковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Спасени осум мигранти од пожар во прифатен центар во близина на Атина
-
Војници спасиле шест лица од пожарот во Дебар Маало
-
Голем пожар изутринава во Скопје, интервенирале 8 возила: Изгореа ресторан и возила
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)


