Српското движење „Наши“ објави фотографиja на коja се гледа претепаниот претседател на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај. Според информациите настанот се случил во мај 2000 година помеѓу руските војници кои биле стационирани на Косово и Метохија и новоформираните безбедносни сили во јужната српска покраина. Фотографиите биле направени во 2000 година на Косово во близина на селото Мушотиште во Сува Река.
Руската единица од составот на КФОР го сопрела возилото со вооружени терористи, меѓу кои бил и Харадинај. Бидејќи се брзо совладани и разоружани, Харадинај им рекол на руските падобранци дека е џудист и дека поинаку би разговарале доколку Русинот не бил вооружен. Рускиот витез наредил да го одврзат Харадинај, ја оставил пушката, а потоа објаснил каква е разликата меѓу рускиот падобранец и него. Борбата била кратка и предизвикала солзи на очите на придружбата на Харадинај. Руските војници, кои тогаш не знаеле кој е Харадинај, уапсените ги предале на органите на ОН, а истите подоцна биле ослободени, се додава во соопштението на „Наши“.
Рамуш Харадинај не сакал ниту да го потврди, ниту да го демантира, според него, непријатниот настан.
Не сакам да одговорам на српската пропаганда – рекол тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации



