| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев стрелец за Наполи (видео)

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев продолжува со одличните игри во дресот на Наполи на подготвителните натправари во пресрет на почетокот на италијанската фудбалска Серија А која започнува на 18 август.

По постигнатиот погодок пред неколку дена против Капри, Пандев беше стрелец и вечерва на пријателскиот натпревар против Галатасарај одигран вечерва на домашен терен. Тој во петтата минута успешно стрелаше со глава кон противничкиот гол и го принуди гостинскиот голман Муслера да ја вади топката од мрежата.
Натпреварот заврши 3-1 за екипата на Наполи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top