Внимавајте на исхраната, алармираат инфектолозите. На овие летни горештини и високи температури добро треба да се провери, пред да се почне со користење на храната. Денес на инфективно хоспитализирано цело семејство, откако добиле труење конзумирајки сувомеснати производи, објави телевизијата „Ирис“.
Покрај сувомеснато, граѓаните треба да обратат внимание и на сладоледите, мајонезите, како и сендвичите. Но покрај храната, на високите температури големо внимание треба да се посвети и на личната хигиена.
За да се заштитите од труење, храната треба добро да се подготви. Најмногу половина час на собна температура може да стои свежата или зготвена храна. Други совети кои би биле полезни за домаќинките е редовното миење на даската за сечење, како и промена на приборот со кои претходно сте допирале свежо месо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


