| четврток, 6 декември 2018 |

Папата Франциско: Хомосексуалците треба да се интегрираат во општеството

Папата Франциско е првиот поглавар во историјата на Римокатоличката црква кој јавно порача дека хомосексуалците не треба да се осудуваат ниту маргинализираат туку да се интегрираат во општеството.

Тој потсети на една од универзалните доктрини на католичката црква според која хомосексуалната ориентација не е грев, додека хомосексуалниот чин е.

Папата наведе и дека забраната на Римокатоличката црква жените да бидат свештеници е дефинитивна, додавајќи оти тој би сакал тие да имаат повеќе удел во административните работи и пасторалните активности.

– Црквата за тоа донесе став и одговорот гласи не – вратата е затворена, посочи папата.

Папата Франциско денеска се врати во Ватикан по седумдневната посета на Бразил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top