| четврток, 6 декември 2018 |

Мистериозно: Почина еквадорскиот репрезентативец Кристијан Чучо Бенитез

На мистериозен начин во болница во Катар, на 27-годишна возраст почина еквадорскиот репрезентативец Кристијан Чучо Бенитез. Според штурите информации, на извонредниот напаѓач му пукнало слепото црево, а ситуацијата дополнително се искомплицирала и немало спас.

Друг извор вели дека Бенитез доживеал тешка сообраќајна несреќа, а починал од последиците на страшниот судар. Како и да е ова е вистински шок. Светот на фудбалот загуби извонреден играч, еден од најбрзите и највештите напаѓачи во Јужна Америка. Последен клуб за кој настапуваше е катарскиот Ел Џаиш. Бенитез играше и за Ел Национал, за Сантош Лагуна и Америка во Мексико, каде беше и најдобар стрелец во Првата лига, а потоа замина за Англија.

Како позајмен фудбалер настапуваше за Бирмингем. Чучо како што го викаа во Еквадор, беше стандарден член на репрезентацијата и одигра 58 натпревари на кои постигна 24 гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top