Говорот во кој професорката на Филолошкиот факултет Рајна Драѓичевиќ им порача на апсолвентите и идни професори да им објават војна на старлетите, спонзорушите, пејачките, манекенките, тајкуните и бизнисмените, се прошири низ Балканот како задолжително четиво за секој студент.
Но, српскиот блогер Игор Влаховиќ на својот блог постави отворено писмо до професорката каде иако го поздравува нејзиниот обид за вдахнување на светс кај младите умови, сепак ја обвинува за начинот на кој таа го пренела тоа. Обвинувајќи ја за дискриминација, младиот блогер го напиша следното:
Дали сте Вие жено воопшто свесни колку тешка дискриминација направивте?
Почитувана професорке Рајна, од сопственото блогерско искуство, ја разбирам и, малку е да кажам, апсолутно ја поддржувам потребата на секој огорчен поединец во Србија да укажува на сите зачестени девијантни појави во нашето, секако заболено општество. Секоја Ви чест за говорот со кој неоспорно заблескавте на апсолвентската вечер, па и потоа, во новинарските текстови, но за жал, најверојатно е дека единствено училиштето на животот може да нè научи на тоа дека, кога сакаме да кажеме нешто, многу, премногу е важен начинот на кој ќе го кажеме тоа.
Така, за жал, без оглед на сета Ваша евидентно најдобра желба и волја, како и на елоквентноста и на впечатливоста на Вашиот говор, кај мене, а како што може да видам, и кај многу други трезвени луѓе со критички ум што егзистираат во ова општество и што, колку што можат, знаат и умеат, непрекинато придонесуваат за негово посистематско, похумано и подобро функционирање, како што знаат да кажат студентите за време на испитните рокови, жестоко „се лизнавте“.
Да бидам поконкретен, низ целиот говор се провлекуваше реченицата: „Јас сум професор, вие сте идни професори“. Па, што ако сте професор? Од Бога ли сте пратена? Зарем Вие, како еден академски граѓанин и пред сè како социјално битие, за овие години не сте научиле дека секој што има своја работа што ја работи како што треба, почнувајќи од хигиеничарките, па сè до директорите, е подеднакво важен и корисен за општеството во кое живее!?
Со самото тоа, г-ѓо Рајна, ниедна професија, освен неколку измислени што го бараат само најпростиот облик на ментални активности (старлета, го-го танчарка, стриптизета и сл.), не смее да биде за потценување!… Или, да ги наречеме работите со вистинското име, потценувајќи и презирајќи луѓе со нови професии, арт-директори, бизнис консултанти, бек-офис администратори, велнес консултанти, ивент координатори, копи-принт оператори, маркетинг консултанти, офис-асистенти, портфолио-менаџери, продукт дизајнери, за кои, секако, според сите природни и општествени закони, е потребно да помине одредено време за да се прифатат во целост и да станат составен дел од општеството, исто како и оние штом нам ни изгледаат како од одамна веќе докажани значајни професионални подрачја, на пример менаџментот, фолк-музиката и туризмот, Вие направивте тешка дискриминација.
Едно треба да Ви биде јасно, во ова капиталистичко уредено општество, сите ние, доколку навистина сакаме да успееме и да оставиме некаква значајна трага зад себе, мора да работиме, односно да исполнуваме… можеби и повеќе од Вас!
Еве, ако даде Господ, за приближно една година од сега, ќе може да се „пофалам“ со диплома за менаџер за односи со јавноста, во контекст на што одговорно тврдам дека за никакви пари не би прифатил понуда да бидам пиар на некоја старлета, на некоја пејачка на треш-музика, на „гојазлив“ политичар и сл., но би затропал и можеби веќе сум затропал на вратата на некој научник, на некој сликар, на некој поп-, рок- или фолк-музичар, на некоја хуманитарна установа, на некоја просперитетна фирма, со цел да им помогнам, со своето знаење и умеење, да се слушне за нивната квалитетна работа што подалеку.
А познавајќи ја работата на многу чесни и почитувани менаџери, убеден сум дека не сум осамен во ова размислување.
Што се однесува на фолк-пејачките, нашата популарна култура, без оглед на тоа дали ние сакаме или не сакаме да го признаеме тоа, тие пејачки се нејзиниот главен столб, де факто таа култура се симна на најниското можно ниво… И навистина се многу, особено младите пејачки на кои пеењето им е само параван за „дигање нозе“ кај разни „газди“ по печалбарските „биртии“.
Меѓутоа, неизбришлива е трагата што во целокупната српска културна сцена, со своите брилијантни интерпретациски композиции што сигурно ќе се слушаат уште долго време и ќе ја разигруваат душата на многу луѓе, ја оставија великаните како што се: Нада Мамут, Силвана Арменулиќ, Лепа Луќиќ, Тозовац, Весна Змијанац, Лепа Брена и, на сета среќа, уште многу млади и талентирани вокални уметници, кои никако и никому не му даваат право да ја потценува и да ја презира улогата на фолк-пејачите и на фолк-пејачките, односно на вокалните уметници на фолк-музиката, во културниот развиток на едно општество.
Додека потценувањето и понижувањето на професијата угостител, во најмала рака, ја покажува менталната ограниченост на оној што го прави тоа, ако го земеме предвид фактот дека е кафеаната дел од културниот идентитет, не само на Србите туку и на многу други далеку поразвиени земји, од кои, со новите тенденции и со цивилизацискиот развој, сосема природно никнале и нови облици на угостителски објекти, како дискотеки и ноќни клубови, па така и се појавија и нови професии во областа на угостителството… На пример, еве токму професијата „ивент менаџер“, која Вие ја ставивте на листата за отстрел.
Дали сте, Вие, жено, воопшто свесна за тоа колку тешка дискриминација направивте? Па, да биде уште поголемо злото, посегнавте по најподлиот метод на дискриминација – издигнување на една професија за да може да спуштите друга (и обратно), со тоа што ги нарековте професорите, лекарите, судиите и адвокатите – столбови на ова општество, а во ниту еден момент не се задржавте на тоа колку корумпирани судии има во Србија, колку адвокати ги бранеа најголемите криминалци и хохштаплери, колку лекари на Итната помош, во соработка со погребните претпријатија, убиваа луѓе и активно учествуваа, но и уште учествуваат, во мито и корупција, како и зошто не дигнаа глас против страдањата на дури шеесет мали ангели во претходните шест години, кои настрадаа поради неодговорноста на државниот врв.
Секако, како што знам многу добри менаџери, пејачи и угостители, исто така знам и многу добри лекари, наставници и адвокати, па по којзнае кој пат ќе прашам:зарем, како еден академски граѓанин и пред сè како социјално битие, за толку години, не научивте дека секој што си ја работи својата работа како што треба, почнувајќи од хигиеничарките, па до директорите, е подеднакво важен и корисен за општеството во кое живее и дека со самото тоа, г-ѓо Рајна, ниедна професија, освен неколку измислени, за кои не треба ништо освен најпростиот облик на ментална активност (старлета, стриптизета и сл.), не смее да биде за потценување?
И повторно ќе Ве прашам: дали сте, Вие, жено, воопшто свесна колку тешка дискриминација направивте? Одлично се знае каде, кон кого и кон што тие дискриминации може да нè однесат. Дали сте, Вие, жено, воопшто нормална?
Исто така, рековте: „Немојте да бидете другари со своите ученици и да се обидувате да им се приближите. Вие треба да поставувате правила, да ги одредувате границите, да ги држите конците во своите раце, бидејќи тие се ученици, а ВИЕ СТЕ ПРОФЕСОРИ!“, со што покажавте доста големо незнаење од областа на психологијата, на педагогијата и на методиката.
Факт е дека улогата на професорот се огледува во тоа да раководи со наставниот процес, но за тој да биде успешен, мора да се води од универзалните вредности на човештвото – дека секој од нас е уникатна единка, значи да ги перципира потребите на секој ученик и недвосмислено да оформи одреден вид пријателски однос, а со тоа да ги елиминира сите моменти на диктатура.
Повторно ќе Ве прашам: дали сте, Вие, жено, воопшто нормална?
Преиспитајте се малку себеси, г-ѓо Рајна, иако изнесеното лесно и брзо наведува да се помисли дека сте една огорчена жена што пати од заостанатост и од комплекс на пониска вредност, односно од желба со понижување на другите да го искаже својот лажен авторитет, на секое место и пред сите.
Преиспитајте се и, ако се Вашите намери да придонесете за подобрување на општеството навистина искрени, во современиот свет не претставува никаков срам да појдете кај психолог, кај свештеник, односно да појдете на патот кон решавање на сопствените психолошки проблеми.
Во спротивно, често ќе доаѓате во искушение оние на кои ќе се обраќате, а меѓу кои сосема сигурно ќе има и такви што немаат врска со многу теми од областа на Вашето обраќање, да ги наведете на криви и лоши патишта на општествено дејствување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Учениците ја издале: Професорка избркана од работа поради секси фотографиja
-
Професорка уапсена за инцест, ученик ја препознал на „Порнхаб“
-
Отворено писмо на селекторот Далиќ: Хрватска ја водат лоши луѓе, не сте добредојдени во нашата соблекувална
-
Шести март е Европски ден на третманот на нарушувањата на говорот и јазикот


