| четврток, 6 декември 2018 |

Шалке му нуди на Пандев 10 милиони евра

Тренерот на бундеслигашот Шалке 04, Јенс Келер, дава 10 милиони евра за македонскиот репрезентативец Горан Пандев. Тој бил сериозно заинтересиран нападот на неговиот тим да го засили со капитенот на македонската фудбалска  репрезентација.

Германските и италијанските медиуми, повикувајќи се на порталот „cissoccer“, пренесуваат дека тренерот Келер, кој по завршувањето на есенскиот дел од сезоната во бундес лигата, на клупата на Шалке го замени Хуб Стевенс, сметал дека Пандев би бил идеален партнер во нападот за холандскиот репрезенатативец Клас Јан Хунтелар.

Истите извори пренесуваат дека доколку Наполи се согласи да го продаде Пандев, проблем би бил македонскиот репрезентативец, кој неодамна изјави дека има намера да го одработи договорот со наполитанците до крај, а тој истекува на 20. јуни 2015 година.

-Се чувствувам одлично во Неапол, сјајно е да се игра за овој клуб. Наполи ќе биде мојот последен клуб во Италија и сигурно е дека немам намера да го напуштам тимот пред истекот на договорот – изјавува Пандев за Кориере дело Спорт.

Оваа сезона, Пандев за Наполи постигнал три погодоци и забележал пет асистенции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top