| четврток, 6 декември 2018 |

Грабул граби напред на АТП листата

Димитар Грабул не успеа да се пробие во ново финале на турнирите од фјучрс-серијата откако претрпе пораз во полуфиналето во Хеист, но повторно напредуваше на светската ранг-листа. Најдоброрангираниот македонски тенисер сега е 696 на светот, со скок од 10 позиции во однос на претходното рангирање.

Грабул, кој порано го носеше презимето Грабуловски, игра извонредно во последно време и доживува втора тениска младост. На 31-годишна возраст за првпат освои титула, а има и неколку одлични пласмани на турнирите во Белгија, каде што живее.

grabul golema

Новиот почеток беше од 1995 позиција, а со добрите игри направи огромен скок. Моментно има 28 поени, а очекува уште 4 за полуфиналето во Хеист, што ќе му бидат вкалкулирани од идниот понеделник.

На самиот врв од машкиот тенис Новак Ѓоковиќ ја задржа предноста пред второпласираниот Енди Мареј. По нив во топ 5 се и Давид Ферер, Рафаел Надал и Роже Федерер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top