Тлото на Везув ќе проработи вечерва во Неапол, а се очекува вистинска еуфорија како од времето на славниот ас Диего Армандо Марадона. Пред дуелот меѓу Наполи и Галатасарај, тимот од југот на Италија, ќе ги претстави летните засилувања, Гонзало Игуаин, Пепе Реина, Раул Албиол и Хозе Калјехон, а на стадионот „Сан Паоло“ се очекува да присуствуваат над 50 илјади луѓе.
Сопственикот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, е во бизнисот со филмската индустрија и најавува спектакл, идентичен на тој пред 29 години кога во Наполи пристигна Диего Армандо Марадона. Аргентинецот слета во јатото на наполитанците на 6 јули 1984 година, а дочекот беше импресивен. Вечерва уште еден играч од Аргентина, Игуаин, ќе ги запали стратите на темпераментните навивачи до југот на Италија. Судејќи според пречекот на аеродромот во Рим и во Неапол, вечерва ќе има уште една незаборавна ноќ во градот на фудбалот.
За потсетување каква беше атмосферата во Неапол на официјалната презентација на Марадона пред речиси три децении.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


