| четврток, 6 декември 2018 |

Убави девојки, бикини, плажа, море и еден ама вреден фраер – новиот видеоспот на Елена (ВИДЕО)

8

Иако поради мали технички проблеми, видеото не можеше да се погледне на „Јутјуб“ два дена, новиот видеоспот на младата пејачка Елена Миленковска веќе е готов.

Плажа, море, зајдисонце, кои го одземаат здивот – видеоспотот за „Дојди со мене“ е соодветен за нејзиниот заразен брз ритам.

Видеото се снимаше на неколку локации во Торони, Халкидики и во него се појавуваат и 15 манекенки од модното студио „Црнокрак“. За потребите на спотот во Грција од Скопје патуваше повеќе од 30-члена екипа, а „Горила продукција“ се погрижи снимањето да помине во најдобар ред.

3

Како и за претходниот видеозапис, и за „Дојди со мене“, Елена соработуваше со режисерот Владимир Дади Ивановски, кој во сценариото повторно успеа да вметне згоден партнер за неа – манекенот и топ-модел Нинослав Милошевски.

9

„Дојди со мене“ е дело на Лазар и Магдалена Цветкоски, кои се погрижија за музиката и аранжманот, односно текстот. Елена не планира да застане и да одмори, туку веќе почна да работи на нејзиниот следен музички проект.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top