Марија Шарапова нема да игра на Роџерс-купот во Торонто, а неизвесен е и настапот на Роже Федерер и на Рафаел Надал, на истиот куп, но во Монтреал. Дамите играат во Торонто, а мажите во Монтреал, иако турнирот е со исто име.
Шарапова сѐ уште не е заздравена по повредата на бутниот мускул на Вимблдон и не сака да ризикува да ја обвнови повредата пред ОП на САД во Њујорк.
Федерер има болки во грбот, а Надал хронични проблеми со колената, а го повреди и лактот на раката, па и двајцата врвни мајстори на тениската игра веројатни нема да патуваат за Монтреал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.