Женската фудбалска репрезентација на Германија во финалето на ЕП во Стокхолм ја победи Норвешка со 1-0 и ја одбрани титулата европски шампион. Единствениот гол го постигна Ања Митаг во 49. минута . За Германија ова беше 8. финале и по осми пат успеа да победи.
Норвешка остана со две титули по шестото учество во финалето. Норвежанките пропуштија две големи шанси откако Ронинг во 27. минута и Гулбрансен во 60. минута не реализираа пенали, а нивните удари ги одбрани голманката на Германија Надине Ангерер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.