| четврток, 6 декември 2018 |

Традиционално скокање од мост во Мостар

На традиционалната манифестација на скокови од Стариот мост во Мостар денеска учествуваа околу 80 натпреварувачи. Натпреварувањето пчна напладне и се одржаа две дициплини- скокови на нозе и скокови на глава. Посебно беше одржана и ревија на скокачи- ветерани.
Во исто време, во најголемиот херцеговински град се одржа турнир во тавил- пиење кафе од најголемото ѓезве во светот кое е запишано во Гинисовата книга на рекорди и таканеречената „факелијада“, односно скокови со факели со која оваа манифестација ќе биде затворена.
Учесниците на овогодинешната манифестација, за разлика од претходните години, ќе ги оценува само една жири комисија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top