| четврток, 6 декември 2018 |

Вера скокнала директно во својата смрт за време на банџи скокање

Вера Мол (17) загинала за време на Банџи скок кога скокнала од мост во Шпанија во 2015-та година, но овој случај дури сега ја виде светлоста на денот. До несреќниот случај дошло бидејќи таа не го разбрала англискиот јазик на својот инструктор, пренесува Дејли Меил.

Вера Мол била врзана со јаже, но јажето не било прицврстено за ништо друго, а целиот немил инцидент се одиграл во Кантабриа, а судењето се уште е во тек.

Нејзиниот инструктор ѝ кажал да не скока, но бидејќи неговиот изговор на англиски бил толку лош тинејџерката го сфатила дека треба да скокне. Впрочем тој кажал „Ноу џамп“, a таа сфатила „Нау џамп“. Тој се појави на суд поради обвинение за смртта на оваа тинејџерка од Холандија.

Судиите изјавија дека тој бил должен да провери дали Вера е полнолетна и има 18 години пред да ѝ дозволи да скока и истакнаа дека неговиот англиски е навистина лош.

Судот исто така изјави дека мостот од кого девојката скокнала и починала на лице место не е по шпанските прописи за овој спорт – Банџи скокање.

Флоутрек, кој ја води компанијата за Банџи скокање во која инструкторот бил вработен тврди дека сето ова бил несреќен случај.

Мартин Клом од истата компанија истакна дека смртта на девојката настанала како резултат на недоразбирање на девојката со инструкторот за време на скокањето.

Потврдил дека девојката била врзана за јаже, но јажето не било се уште прицврстено за мостот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top