Централниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ го избра новиот состав на Извршниот комитет на партијата поради истекот на двегодишниот мандат. Нов секретар на владејачката партија е Емил Димитриев, заменик министерот за одбрана. Со назначивањето на Емил Димитриев на местото на Кирил Божиновски, за прв пат беше поставен секретар на ИК кој не живее во Скопје.
Во новиот состав на Извршниот комитет има 10 нови имиња. ИК сега има 24 члена вклучувајќи го и претседателот Груевски, а досега листата броеше 18 лица. Во новиот состав е и Ашим Зекировски. Ова укажува на еден нов стратешки пристап кон македонските муслимани со нивно посериозно интегрирање на позиции во партијата иако и досега беа застапени, но никогаш не и на ниво на член на ИК .
Членови на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се: Љупчо Трпевски, Благоја Деспотовски Ташко, Никола Бакрачевски, Зоран Илиовски, Никола Поповски, Кирил Божиновски, Мартин Протоѓер, Зоран Ставревски, Гордана Јанкуловска, Владимир Пешевски, Силвана Бонева, Илија Димовски, Антонио Милошовски, Никола Тодоров, Сашо Мијалков, Владимир Ѓорчев, Коце Трајановски, Зоран Горгиевски, Ашим Зекировски и Момчило Аврамовски.
Меѓу 10-те нови членови, само тројца живеат во Скопје. Освен Никола Поповски, Љупчо Трпевски и Влатко Ѓорчев, другите членови на ИК се од внатрешноста на државата.
Ставен е акцент и на местата каде ВМРО-ДПМНЕ не доби градоначалник на минатите избори. Во ИК на партијата дојдоа лица и од Куманово и Струмица иако таму се водеше тесна битка на локалните избори.
И Битола доби свој претставник во ИК на владејачката партија, по две години пауза. Новиот градоначалник на Охрид, Никола Бакрачески исто така доби свое место во ИК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)