Да потсетиме, Стефано Маури, некогашниот капитен на римскиот калчолигаш Лацио, е обвинет за местење на фудбалските натпревари меѓу „небесно-сините“ и екипите на Џенова и на Лече.
Судењето започна на средината на неделата, а Палацио бара остри казни за сите учесници во споменатата афера, а за Маури предлага забрана за занимавање со фудбал во период од четири и пол години, што за 33-годишниот играч, би можело да значи и крај на кариерата.
Покрај него, обвинителството бара да бидат казнети и тимовите на Лацио и на Џенова, кои што во новата Серие А сезона би влегле со минус шест, односно со минус три бодови.
Заедно со поранешниот фудбалски репрезентативец на Италија, на обвинителна клупа се наоѓаат уште Омар Милането, Стефано Ферарио, Антонио Росати, Карло Гервасони, Марио Касано и Алесандро Замперини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.