| четврток, 6 декември 2018 |

Над илјада затвореници избегаа од затвор во Либија

Libyan security personnel secure the perПовеќе од 1.000 затвореници избегаа од затвор во либискиот град Бенгази. Поголемиот број од нив се осудени за тешки кривични дела, јави Би Би Си.

–          ВО затворот во Куифи дојде до бунт и  напад од надвор. Побегнаа најмалку 1.000 затвореници. Специјалните полициски сили побараа засилување кое доби наредба да не пука во затворениците, изјави неименуван извор за АФП.

Според тој извор, меѓу затворениците имало и приврзаници на Моамер Гадафи, но дека поголемиот дел од нив се осудени за тешки кривични дела.

Либиските власти го потврдија бегството, но не прецизираа колку затвореници фалат. Според нив, локалното население им дало голема поддршка на затворениците да избегаат затоа што не сакале затвор во близина на нивните куќи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top