| четврток, 6 декември 2018 |

Емил Димитриев избран за нов генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ

emildimitrievНа денешната редовна седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше избран нов состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Изборот се врши поради истекот  на двегодишниот  мандат на актуелните членови на ова партиско тело.

 

Исто така беше констатиран и истекот на мандатот на актуелниот генерален секретар  Кирил Божиновски кој по негово лично барање ја ослободи оваа партиска функција  останувајќи и понатаму на позицијата генерален секретар на Владата на РМ и член на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Во новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ освен дел од личностите од претходниот состав ќе членуваат и личности кои досега не биле дел од ова партиско тело.

Целта на оваа одлука на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а донесена по предлог на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ  Никола Груевски  е континуирано освежување и носење на нов кадровски потенцијал кој ќе овозможи   додатна енергија за работа и напредок.

Членови на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се:

  • Љупчо Трпевски,
  • Благоја Деспотовски Ташко,
  • Никола Бакрачевски,
  • Зоран Илиовски,
  • Никола Поповски,
  • Кирил Божиновски,
  • Мартин Протоѓер,
  • Зоран Ставревски,
  • Гордана Јанкуловска,
  • Владимир Пешевски,
  • Силвана Бонева,
  • Илија Димовски,
  • Антонио Милошовски,
  • Никола Тодоров,
  • Сашо Мијалков,
  • Владимир Ѓорчев,
  • Коце Трајановски,
  • Зоран Горгиевски,
  • Ашим Зекировски.
  • Момчило Аврамовски.

За нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ кој по функција е член и на Извршниот комитет  е избран Емил Димитриев.

Во составот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ членуваат по функција и претседателот на Унијата на млади сили и Претседателката на  Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top