Дваесет и пет коњаници денеска ќе тргнат од дворот на општина Аеродром кон Крушево каде ќе се одржи централната манифестација по повод 2 август – Илинден.
Во чест на коњаниците на 35-тиот Илинденски марш ќе се одржи културно-уметничка програма, маршот ќе го отвори претседателот на државата Ѓорге Иванов, а тие во црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче ќе добијат благослов од претставници на Македонската православна црква.
Учесниците на Илинденскиот марш традиционално ќе бидат придружувани и од фалангата составена од 20-тина членови.
Годинава, во состав на македонските коњаници, како знаменосец и предводеник на коњаницата ќе биде и Јохан Тарчуловски.
– – Кога веќе ми е укажена чест да бидам знаменосец и предводник на коњаница која има 35- годишна традиција, за мене е привилегија и обврска да се оддолжам со јавање од првиот момент до самиот крај – изјави Тарчуловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


