Димитар Грабул игра одличен тенис и доживува „втора младост“, а денеска најдобротрангираниот македонски тенисер го победи Хиралди Рекена со 6-2, 3-6, 6-4, за ново полуфинале на турнирите од фјучрс серијата во Белгија.
Грабул има 31 година и откако се пресели во Белгија, каде моментно живее игра извонредно. Од 1900-то место, стаса до позицијата 706 на светската ранг-листа, а сега освои нови бодови што ќе го доведат блиску до „петстотката“.
Во полуфиналето на турнирот во Хејст, Димитар ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Пералта Телјо и Кањина. Пред две седмици македонскиот тенисер за првпат победи на тениски турнир од фјучрс серијата, со што ја освои и првата титула во кариерата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


