Напаѓачот на Вардар, Борче Маневски денеска попладне ќе потпише двегодишен договор со лутиот ривал Работнички. Поранешниот играч на „романтичарите“ се враќа во клубот за кој играше од 2010 година до лани, а го напушта Вардар од едноставна причина што не доби шанса да игра.
Маневски ја почна кариерата во Пелистер, а има играно и во странство, во Полска за Горњик Лежна. Тој е еден од најдобрите техничари во македонската лига кога се работи за напаѓачите. Во два наврати играше и за Победа, потоа беше член и на Милано од Куманово, српскиот прволигаш Банат, а во Вардар дојде лани, како големо засилување, токму од Работнички. Сега повторно се враќа кај „романтичарите“ и денеска попладен ќе потпише двегодишен договор. „Црвено-црните“ ќе ослободат уште еден играч, Андреј Ацевски, кој е Вардарово дете и е перспектива на шампионот на Македонија. Така не сметаат во Вардар, па 21-годишниот играч од средниот ред ќе биде ослободен и веројатно ќе го засили новиот прволигаш Македонија Ѓорче Петров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


