Членките на гудачкиот квартет „Бонд“ денеска ќе престојуваат во Скопје. За време на престојот ќе се сретнат со министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, и ќе го посетат објектот „Стар театар“.
Гудачкиот квартет „Бонд“ од Велика Британија утре ќе престојува во Скопје. Таниа Дејвис (виолина), Иос Чатер (виолина), Елспет Хенсон (виола) и Геј-Ји Вастерхоф (виолончело) заедно го сочинуваат составот на најпродаваниот гудачки квартет на сите времиња, „Бонд“. Од првото деби, „Бонд“ има продадено неверојатни 5 милиони албуми низ целиот свет.
На својата промоција беше поздравен од печатот како „Спајс грлс на класичната музика“. Набрзо квартетот стана музички феномен. Членовите на квартетот се образуваа на најпризнатите музички институции во светот (Royal Academy of Music, Royal College of Music, Guildhall and Trinity College of Music), а самиот квартет е вистинска забава: извореден чин на пркосење на стилови со желба за истражување на уживањето во музиката без разлика на културните препреки. „Бонд“ вистински го размрда светот на стиловите на класичната музика постигнувајќи неверојатни 56 платински и 15 златни дискови низ целиот свет. Сега, прославувајќи ја нивната 10-годишнина, може да се рече дека „Бонд“ постана вистински меѓународен феномен; честопати копиран, но никогаш достигнат!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Наградата „Yes to Art“ врачена на Елизабета Канческа-Милевска во Културниот центар „Јунус Емре“ во Истанбул
-
Министерката за култура во посета на Народниот музеј во Гевгелија
-
Министерката за култура на снимањето на последните сцени од филмот „Деца на сонцето“ (Галерија)
-
Вечерва ќе се доделат наградите „Виртуози“


