Вчера на патниот правец Добрушево – Новаци во 11.45 часот се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби тринаесетгодишниот Абедин Ј. од с. Будаково.
До несреќата дошло откако 26-годишниот А.Ј., исто од с. Будаково, Битола, управувајќи автомобил „опел вектра“ со битолски регистарски таблички, поради неприспособена брзина кон условите на патот, излетал од патот.
Во незгодата, сопатникот Абедин Ј. се здобил со тешки телесни повреди и истиот е пренесен во болницата во Битола, каде што им подлегнал на повредите. Увид на местото извршиле истражен судија, основен јавен обвинител и екипа од СВР – Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бившата на Бордејн силувала 17-годишен тинејџер: Му останаа тешки трауми, менталното здравје му е загрозено
-
Малолетник кој возел „ауди А3“ усмртил пешак
-
Возел пребрзо и без возачка: Maлолетник прати маж во болница, повредениот во лоша состојба
-
Загина олимписки вицешампион возејќи се на мотоцикл со Јусеин Болт!


