Српскиот тенисер Виктор Троицки е казнет со 18 месеци забрана за учество на турнирите откако одбил да се појави на закажаната допинг-контрола. Одлуката му е соопштена вечерва по поразот од Томи Робредо во Умаг. Троицки одбил да донесе примерок од крвта, на 15 април годинава во Монако, со образложение дека не се чувствува добро.
Меѓународната тениска федерација (ИТФ) немаше милост, не го прифати објаснувањето на Србинот и му изрече драстична казна, која, сепак, е во согласност со прописите.
Ако нема намалување на суспензијата, Троицки би требало да се врати на тениските терени во мај 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.