Хајдук од Сплит е победник во двомечот со македонскиот претставник Хоризонт Турново и ќе игра во третото квалификациско коло, за пласман во Европа Лигата, откако вечерва одигра нерешено, 1-1. Победата на тимот од Сплит во првиот меч со 2-1 беше клучна за пробивот на хравтскиот гигант во следното коло.
Најдобриот поединец кај дебитантот на евросцената, Дејан Блажевски имаше две прекрасни шанси за целосен пресврт, но не успеа да погоди за предност на Турново од 2-1. Претходно Мио Цакташ му донесе предност на Хајдук на „Филип втори“ арената, со што во вкупен скор беше 3-1 за гостите од Сплит.
На 20 минути до крајот на реваншот, Сашко Пандев израмни на 1-1, а веднаш потоа Блажевски промаши два чисти зицери. До крајот Хоризонт Турново не успеа да го постигне толку посакуваниот погодок за евентуални продолженија, но дебитанот на евросцената воопшто не разочара.
Турновци ја елиминираа Судува во првата рунда, а и против Хајдук играа борбено, машки, без страв и ги привлекоа симпатиите на своја страна. Тие се исклучок од правилото за македонските претставници во еврокуповите, во последните неколку сезони.
Вардар, Металург и Тетекс и во овој циклус испаднаа веднаш на стартот од натпреварите, а само Турново мина една рунда. Лошиот квалитет на домашниот фудбал уште еднаш се покажа како клучен за дебаклот, секако со исклучок на тимот од малото село од Југоистокот на Македонија, Турново.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“