| четврток, 6 декември 2018 |

Судот ги обвини новинарите дека му ја загрозуваат независноста

Новинарите кои протестирале против продолжениот притвор за новинарот Томислав Кежаровски ја загрозувале независноста на судството во земјата, се огласи Кривичниот суд во Скопје, јави „Дојче веле“.

Поединци и групи го злоупотребуваат медиумскиот простор преку различни иницијативни одбори со организирање на протести пред судот за да се прави упат во независноста на судскиот систем, реагираат од Кривичниот суд во врска со денешниот протест на новинарите кои излегоа да го изразат револтот од продолжувањето на притворот на новинарот Томислав Кежаровски.

„Најостро реагираме на вака воспоставената медиумска пракса за вршење притисок врз судот од страна на поединци и групи кои на овој начин злоупотребувајќи го медиумскиот простор преку таканаречени форми на слобода на изразување го изразуваат незадоволството од очекуваниот тек на постапката, па со оваа цел, преку различни ’иницијативни одбори’ и други интересни групи, со организирање на протести пред судот ставајќи се над законот и уставот на Република Македонија, која има долгогодишна демократија и преку своите институции, а особено преку судската власт ги гарантира човековите права и слободи. Со ваквото постапување од поединци и групи се прави упад во независното функционирање на судскиот систем и примена на законите, се загрозува правниот поредок и правната еднаквост на граѓаните“, се вели во соопштението од Судот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top