Славната актерка продолжува да ја губи телесната тежина. Моментално има само 42 килограми, колку што била тешка на 16 годишна возраст, што многу го загрижи нејзиниот иден сопруг Бред Пит, пишува порталот „На пауза мк“.
Безброј пати Анџелина Џоли беше рангирана на листата на најпосакувани жени, меѓутоа тешко дека повторно ќе се најде на истиот список. “National Enquirer” тврди дека таа е преслаба и има сериозен проблем со анорексија.
Како што тврди анонимниот извор, Бред Пит се плаши дека таа ќе мора да оди на операција за јајниците, со оглед на тоа што е преслаба и уморна поради пренапорната работа во хуманитарниот проект на Обединетите нации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


