Цело село Турново навива за Хајдук, изјави Шефки Арифовски, преставникот на македонскиот клуб Хоризонт, но денеска од 17.45 часот симпатизерите на сплитските „били“ од Југоисточна Македонија ќе им бидат лути противници и ќе бараат рецепт како да ги исфрлат од Европа.
Ова веројатно е можно само кај нас, а се работи за фудбал и за елиминациското коло од Лигата на Европа.
Место на настанот е арената „Филип Втори“ во Скопје, на пеколна температура од околу 40 степени. Сите околности се чудни. Турново навива за Хајдук, а игра против него, фудбал ќе се игра на пекол, навивачи доаѓаат од Хрватска, но не ги пуштаат на граница, па и ако се пробијат, никој не смее да им продава билети. Хајдук е фаворит, но на првиот дуел во Сплит Турново имаше попрегледен европски хоризонт и требаше да победи, иако загуби со 1-2.
Време е за реванш на пеколна температура, во фудбалска битка на играчите на Хоризонт Турново, против Хајдук, клубот за кој навиваат. Членовите на популарната „Торцида“ доаѓаат, ама можеби и нема да пристигнат. И да дојдат, клубовите не смеат да им продаваат билети бидејќи навивачите од Сплит имаат забрана од УЕФА.
Сѐ на сѐ, вистински калабалак што вреди да се погледне во живо. Турново е дебитант на европската сцена и досега играше храбро, машки и од срце и заслужено ги собра симпатиите. Иако станува збор за клуб од село, со околу илјада жители. Хајдук не е оној стариот, од времињата на Југославија, кога белиот дрес го носеа светски ѕвезди, но и нив вреди да ги гледате. Имаат талентиран тим, а постарите љубители ќе се потсетат на клубот од Сплит, еден од четирите гиганти на фудбалот во поранешната заедничка држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


