Одлуката за воведување на мерката за условен увоз на пченица и брашно ќе биде укината кога ќе процени Владата, односно Министерството за земјоделството, шумарство и водостопанство дека се исполнети два услови. Првиот дека во целост е извршен откупот на домашната пченица и оти се создадени услови за стабилизирање на пазарот со брашно, нагласи ресорниот министер Љупчо Димовски на собраниска седница.
– Доколку сега, како што вие барате, излезам со датум со кој ќе се обврзам дека ќе биде укината мерката врз основа на сознанијата кои вие ги имате би било крајно несериозно од мене. Во исто време, во целост би се загрозил редовниот откуп на пченицата кој изминатите денови доби една задоволителна динамика со која се задоволни и откупувачите и во исто време и индивидуалните производители на пченица – рече Димовски.
Рок нема дефинирано, потенцира Димовски, но ние имаме обврска да се потрудиме да ги воспоставиме сите механизми на пазарот заради тоа што цениме дека нема потреба од какво било затегнување на ситуацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Србија и БиХ ќе ги бојкотираат состаноците на ЦЕФТА во Приштина поради зголемувањето на увозните давачки
-
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството: Ако не ги искористевме парите ќе ни беа одземени од ЕУ
-
Компании од Бразил добиле забрана за извоз на месо во Македонија поради небезбедно месо
-
Србија од утре воведува контрамерки кон Македонија поради отежнатниот увоз на брашно


