Граѓани на Будва, кои се противеа на одржувањето на Парадата на гордоста, по завршувањето на прошетката на припадниците на оваа парада повикале поп за да го освети местото пред градските ѕидини. Свештеникот на Српската православна црква, Борис Радовиќ, по осветувањето на водата и благословот, изјавил дека граѓаните на Будва покажале дека знаат да ги чуваат своите домови и семејства.
– Знаат да се чуваат себе и своите деца од хомосексуализмот и од разни „работи“, кои се неприфатливи за целата вселена – рекол тој.

И покрај сите нереди и тензиите пред почетокот на Парадата на гордоста во Будва, групата вчера ја почна својата прошетка. На првата парада на гордоста учествуваа околу 40 луѓе.
Млади луѓе ја каменуваа насобраната маса, летаа шишиња и чаши на сите страни.
Полицијата фрли димна бомба за да ги растера напаѓачите, кои и кон нив почнаа да фрлаат со камења. Уапсени се 22 лица, а две лица се повредени.
Синоќа одржан и собир против хомосексуалците, а незадоволство од одржувањето на парадата во Будва искажаа и навивачите на фудбалскиот клуб Партизан од приморскиот град. Сопствениците на ноќните локали во Будва вчера вечер, во знак на протест ја исклучија музиката, а слични мерки најавија и за вечерва.
фото: ЕПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


