| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдињо е фудбалски крал на Јужна Америка (видео)

Роналдињо Гаучо е фудбалски крал на Јужна Америка, а на тронот се искачи со својот клуб Атлетико Минеиро по победата во финалето на Копа Либертадорес против парагвајска Олимпија. Во реваншот во Бразил беше 2-0 за домаќините, идентично како и во Асунсион, но тогаш за Олимпија. Во дополнителните 30 минути, синоќа немаше голови, а Атлетико ја освои титулата со подобро изведување пенали.

Стрелци на головите во регуларниот дел беа Жо и Леонардо Силва. Креатор на акциите беше Роналдињо, кој уште еднаш потврди дека е велемајстор на фудбалската игра од највисок ранг. Жо е прв стрелец на натпреварувањето кое е пандан на Лигата на шампионите во Европа.

Погледенете ги мајсториите на Роналдињо

 

и најзначајните моменти од реваншот меѓу Атлетико Минеиро и Олимпија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top