Од денеска почнуваат вистински летни горештини кои ќе траат во наредните денови. Времето денеска ќе биде сончево и топло. Во попладневните часови ќе има мала до умерена облачност.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 30 до 38 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, со температура до 35 степени.
Во наредниот период ќе продолжи сончевото и топло време, а особено топло се очекува во почетокот на следната недела кога температурата на повеќе места ќе надмине 35, а во југоисточните делови на земјата ќе достигне до 40 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


