Бројот на жртви во тешката железничка несреќа што се случи вчеравечер кога воз излета од шини се искачил на 77, соопштија официјалните власти во Шпанија.
Во несреќата се повредени повеќе од 100 луѓе, од кои 20 се во тешка состојба, а пет се во кома.
Несреќата се случи синоќа во 20.42 часот кога возот кој сообраќал на линија Мадрид – Ферол излетал од шини, при што еден вагон се запалил.
Додека спасувачките екипи ги собираат телата на настраданите, истражните органи вршат увид, а јавноста во Шпанија бара одговори за причините за трагедијата. Засега официјално објаснување сѐ уште нема. Претпоставките се дека излетувањето е причина на неприспособена брзина. Неофицијално, машиновозачот возел со 200 на час на делница на која ограничувањето е 80 километри на час. Се претпоставува дека поради тоа речиси цела композиција од возот буквално летнала од шините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун


