Воз во шпанскиот град Компостела излета од шините, ја проби заштитна ограда и се урна на патот, а епилогот е катастрофален и има 57 жртви и повеќе од педесет повредени. Властите во Шпанија се сомневаат дека имало терористички напад. Ова е една од најголемите трагедии во железничкиот сообраќај во Шпанија.
Несреќата се случила околу 20.40 часот, а повредените биле хоспитализирани во Компостела, Ла Коруња и Понтеведра.
Во возот имало 218 патници, а грото од нив патувале на еден од најголемите фестивали во областа Галиција, што почна синоќа во Компостела.
Причините за несреќата не се познати, а според информациите од шпанските медиуми, еден од вагоните одеднаш се вивнал во воздух, го пробил заштитниот ѕид и ја повлекол целата композиција надолу на патот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



