| четврток, 6 декември 2018 |

Македонскиот тенисер Димитар ја мина втората пречка во Белгија

Димитар-Грабуловски

Македонскиот тенисер Димитар Грабул успешно ја мина и втората пречка ва фјучрс турнирот во Хеист, Белгија. Тој денеска го совлада домашниот тенисер Максим Брекман со 7:6 (8:6) и 7:5.

Првиот сет по голема борба го освои Грабул дури во тај брекот, а во вториот сет дури во финишот на сетот ја направи неопходната предност од два разлика за добивање на сетот.
Противник во четвртфиналето најверојатно во петок ќе му биде Шпанецот Маркос Гиралди Рекуена, кој со 2:0 (6:2 и 6:3) го победи Боби Де Гуен од Холандија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top