Општина Охрид реши да стави ред на охридските плажи. Испрати предупредување до концесионерите за нивно целосно придржување до Договорот за краткотраен закуп на плажи.
Во писмото упатено до нив меѓу другото се посочува дека:
“Со преземањето на ингеренциите за управување на земјиштето вдолж Охридското Eзеро, Oпштина Охрид од оваа година го регулира спроведувањето на Договорот за краткотраен закуп на плажите, кои Вие го имате прифатено. Како што претходно бевте информирани, како концесионери-закупци на плажите имате обврска да се придржувате кон Договорот штo гo имате потпишано, а кој предвидува правна обврска која мора да ја реализирате. Од нашите досегашни анализи на состојбата со плажите кои ги стопанисувате, а и по негативните реакции од корисниците на плажите, констатирани се низа неправилности кои под итно треба да бидат отстранети…..”
Локалната самоуправа ги потсетува закупците дека, согласно потпишаниот договор, меѓу другото имаат обврска и мора да се придржуваат кон:
“… -Режимот на користење на плажите (работно време) да биде согласно Oдлуката на Советот на општина Охрид, а во зависност од локацијата и околниот простор, како не би се нарушило нормалнотo користење на околните објекти;
– При планирање на просторот, 40% -60% од плажата да биде СЛОБОДЕН за користење без оптоварување со лежалки и други реквизити……”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


