Кристијано Роналдо во шестата минута изведе слободен удар, но го промаши голот, а топката го погодила во рацете 11-годишниот Чарли Силвервуд, кој и покрај повредата мечот го одгледал до крај. Момчето било на стадионот со својот татко на пријателскиот натпревар меѓу Борнмут и Реал Мадрид, а од слободниот удар на Роналдо, се здобил со фрактура на зглобот на раката.
По мечот Чарли заминал во болница каде му бил ставен гипс кој ќе го носи во следните шест недели.
„Многу болеше, им раскажав на другарите но тие не му поверуваа. Роналдо е најскапиот играч на светот и ми ја скрши раката. Видов дека топката оди кон мене, ќе ме погодеше в лице да не се заштитев со рацете“, изјави момчето за The Sun.
По натпреварот, Чарли добил подарок дрес со автограми на сите играчи на „кралскиот клуб“, додека од Борнмут добил подарок топка.
httpv://www.youtube.com/watch?v=LhJxGvFGfqI#at=15
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)