„Сопственикот на Ред Бул, Дитрих Матешич и првиот човек на Формула 1, Берни Еклстон, постигнаа договор според кој Формула 1 повторно ќе ја гледаме во Австрија од следната година“, стои во соопштението.
Австриската компанија во краткото соопштение доставено до тамошните медиуми информира дека успешно ги завршила преговорите за „кам-бек“ на „најбрзиот циркус“ на патеката Ред Бул Ринг, која што во минатото го носеше името А1 Ринг.
„Австрија последен пат организираше Ф1 трка во 2003-та година, а потоа остана без место во календарот затоа што плановите за работа на патеката во Шпилберг пропаднаа.
Сепак, кога Ред Бул ја купи патеката, Матешиќ долго размислуваше што да прави со неа, пред целосно да ја реконструира и да ја отвори како Ред Бул Ринг, пред две години.
Првиот човек на Ред Бул никогаш не ја криел желбата Австрија повторно да биде дел од елитното друштво, а минатата зима се појави можноста уште оваа сезона да се најде во календарот, на местото на трката во Њу Џерси. На крајот не беше постигнат договор, меѓутоа „брканицата“ на најдобрите Формула 1 пилоти на денешницата во Шпилберг од идната година е веќе извесно.
Сепак, сето ова ќе мора и официјално да биде потврдено од страна на Светската автомобилска федерација, подоцна во текот на годината. Според соопштението од Ред Бул, трката би требало да биде возена на 6-ти јули идната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Австрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи
-
Владата се извини: Многу се слични димензиите и колоритот на знамињата
-
Австрија: Властите не му дале азил на Авганистанец затоа што не бил доволно хомосексуалец
-
Филмот на Горан Столевски „Види ја ти неа“ освои Гран при на Белградскиот фестивал на документарен и краток филм