| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидент пред јужната трибина, напомош и возилото за Брза помош

Продолжение на инцидентите меѓу навивачите на Вардар и на Стеауа што почнаа денеска попладне, продолжија и пред јужната трибина на „Филип втори“.

Возилото за брза помош што вообичаено е стационирано внатре во стадионот, на северниот дел, експресно замина на спротивната страна. Денеска биле каменувани автобусите со гостински навивачи, а за жал инцидентите продолжија и непосредно пред почетокот на натпреварот меѓу Вардар и Стеауа и веднаш на самиот старт од реваншот. Засега нема официјални информации за повредени навивачи од двете страни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top