Навивачката група на Хајдук Сплит, популарната „Торцида“, не смее да присуствува на реванш натпреварот во Скопје против Турново, задутре, а на македонскиот претставник му се заканува казна од УЕФА ако евентуално им продава билети.
За „Торцида“ важи казната на европската куќа на фудбалот и не смее да патува на гостувањето во Македонија. Сепак, оттаму најавуваат дека дел од групата ќе се организира за пат кон Скопје, што може да биде огромен проблем. И Хајдук, од својот контингент билети што му следуваат, и Турново не смеат да им продаваат билети, инаку следи казна од УЕФА. Но, и тоа не е најголемиот проблем. Торцидашите во 2009 година во слична ситуација, наспроти забраните, заминаа за Словачка да го бодрат Хајдук против Жилина и направија хаос низ градот. Во крвав судир со полицијата имаше многу повредени и притворени навивачи, а на хрватските навивачи што учествуваа во инцидентите потоа им беше забранет влез во ЕУ.
Сега на штрек треба да бидат македонските сили за безбедност, во случај да допатуваат членовите на „Торцида“ во Скопје.
Натпреварот се игра задутре од 17.45 часот, а Хајдук има предност од 2-1 по првиот дуел во Сплит што се играше пред празни трибини на „Пољуд“ поради казната на УЕФА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“