| четврток, 6 декември 2018 |

Јотовски е единствениот македонски тенисер во Кикинда

Тенисерот Томислав Јотовски ќе биде единствениот македонец кој со директно учество ќе игра во Кикинда. Јотовски во првото коло ќе игра против петтиот носител Саша Стоисављевиќ од Србија.

Од останатите македонски тенисери кои не успеаја да се квалификуваат, најдалеку во квалификациите стигна Шендрит Деари, кој во третото коло од квалификациите загуби од Андреас Нејков од Бугарија со 3:6; 6:0 и 7:5 по сетови.
Во првото коло беше елиминиран Стефан Мицов од Денис Каприќ од Германија, додека Бесир Дургути загуби во второто коло од квалификациите од Петер Наѓ од Унгарија со 6:3 и 6:2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top