#НеразумниПромени
Добро бе ние име мењаме или клима?
Добро бе ние име мењаме или клима?
11-годишна на фејсбук објавила: „Беше твој, а сега е мој“. Сигурно за учебникот по математика мислела.
Кога ќе видам со какви луѓе го делам воздухот, ми иде на плин да се префрлам.
Цел живот ти солат памет и на крај умираш од шеќер.
Ми се јави другар имал Рено Клио од 2006-та година за продавање, бензинец и малку удрено. Му реков јави се во СДСМ...
Ако нејќеш во Европа тогаш оди у Краш.
Пиши му за време на фудбалот, ако ти врати значи полувреме е.
По грешка сум лајкнал слика на ФОН… И денес ми стигна диплома по пошта.
ГРЦИТЕ ВО АНТИКАТА ПОРОБУВАЛЕ НАРОДИ СО ТРОЈАНСКИ КОЊ. ДЕНЕС КОРИСТАТ МУРТИНСКО МАГАРЕ.
Овие со Договоров и климата се договорија да ја сменат или студов иде гратис со Северна?
Ако немаш кого да опцуеш додека возиш, значи сите викендов заминале за Грчка.
Едно матурант … Друго полуматурант … Ја банкрот!
Си купив сјај за садови на кој пишува „Мие до 200 чинии!“ Се враќам дома и гледам… Ништо не измил…?!
Северномакедонец не се раѓа, северномакедонец се станува.
Сега “Т`га за југ” може да ни го забранат заради иредентизам и територијални претензии.
Телото на топло се шири. Значи не сум дебела, премногу е топло…
Ќе морам да си направам операција за зголемување на платата!
Волкот не ги губи своите соништа заради мислењето на една овца.
Најскапиот поклон што можеш да му го дадеш на твоето дете е време, образование и воспитување. Пари може секој.
Не се откажувам кога е тешко, се откажувам кога не е вредно.