#ManU
МАНУ најпосле со јасен став: немаме врска со Манчестер Јунајтед.
МАНУ најпосле со јасен став: немаме врска со Манчестер Јунајтед.
Познат крај во Македонија: Крај со крај не можам да врзам.
Во Македонија живеат луѓе, а во Европа луѓето живеат.
Да требаше мажите да чистат по дома, ќе се викаше генерал, а не генералка.
Владата се извини и најави дека советникот за знамиња ќе биде преместен во одделот за чаршави.
Македонија влегува во ЕУ постепено… секој месец по 300-400 души.
„Успиј го детето и добиј ја мама за подарок!”
Сакале или не, сега сме сите у девети месец!
Точно на полноќ треба да поминеш под триумфална ако сакаш сите што ти должат пари да ти ги вратат.
Паметот е единственото нешто, кое можеш да го даваш без да го имаш!
Легна платата, кредитот ја разбуди…
Сите прават нескафе 3 во 1, само Влав прави три од едно.
Таман почнав да живеам нормален живот, повторно ми го вклучија интернетот.
Банката ми помогна пак да застанам на нозе. Ми ја зеде колата…
Најскапото превозно средство е количката за пазарување – троши 2000 ден на 5 метри….
“Владата ќе потроши 670.000 евра за цвеќе” Изгледа ѝ спремаат погреб на Македонија.
Не сум доктор, ама би заминал од државава.
“Не носи мама пари, утре ќе го купиме тоа…”
Крајно време е да ја легализираат проституцијата. Се утепаа глумејќи манекенки на фејсбук!
Ако ве посети пријател со кој одамна се немате видено, подобро е први да му побарате пари на заем!