#Исполнетост
Прав муж и го пуни плакарот на жената до даска… Да нема место за комшијата.
Прав муж и го пуни плакарот на жената до даска… Да нема место за комшијата.
Дали знаете како е, кога сѐ е како што треба, кога постојано си расположен и ништо не те нервира?… Ни јас.
Трчав како да ја носев веста дека пуштиле 500 евра плата.
Биди креативен и смисли некоја друга глупост.
Треба да се изгради уште едно Скопје, само за колите да имате кај да ги оставате.
На Скопје му треба драјв-ин бурекџилница.
Ја гледавте ли Руската парада? Ако не нападнат, ќе не превземат само со оркестарот!
Сите барем еднаш сте се заебале двапати.
Подобро неуспешен обид, отколку пропуштена шанса…!!!
Соња ТАТ, утре назначете ја за гувернер на НБРМ.
Лоша работа е реинкарнацијата. Можеш пак да се родиш во Македонија.
Гледам риболов на Discovery, фаќаат риба, ја покажуваат и ја пуштаат, исто како борбата со корупцијата во Македонијa…
Просечната плата во Македонија е “ќути има и полошо”.
Два бага од апликација се договараат да идат на ап-дејт.
„Да живее работничката класа!”… Од што бе другари, од што?
Сакам јавно да и се извинам на госпоѓата шо ја прекинав у играење солитер за да ја прашам за информација.
Колку мразам нарциси, мислат дека се поубави од мене.
Основната причина за стресот е секојдневниот контакт со идиоти.
Ја извадив летната облека од плакарот и ја поделив во три групи: безнадежно, има надеж и таман.
Од толку држави, нас Македонија нѝ се падна.