#Длабоко
Откако поевтинија луѓето, поскапеа пријателствата.
Откако поевтинија луѓето, поскапеа пријателствата.
Драги матуранти, е сега ќе видите каков е животот.
Столетие – 100 години … Декада – 10 години … Вечна љубов – 2 недели … Не пијам – 2 дена … Не пушам...
Одвај чекам да се вратам од работа и да си легнам, а уште не сум ни тргнал.
Зимаш плата, ставаш пари на страна за не дај Боже, и не дај Божето е другата недела…
Сезоната „нешто лази по тебе” и официјално е отворена.
Пајакот не носи пари, коли носи.
Дечко ми сакаше да си играме докторка и пациент, и ене го во ходник чека 3 саати.
Се греам на вотки, самиот ги сечев.
И недостигањето има рок на траење.
Што повеќе самоубијци, тоа помалку самоубијци.
Ќе ми бидеш ли жирант додека извршителот не нѐ раздели?
Шoпингoт е терaпијa. Пa штo не гo нaпрaвaт сo плaви кaртoни?
Толку е грда, што кога ќе помине покрај градилиште, работниците се прават дека работат.
Извинете вака, ама кога ќе биде платата 500 евра?
Проститутката е најдобриот трговец: има роба, ја продава и ѝ останува робата.
Околу 68,27% од сите статистики се безмислици.
Си се имам јавено. Миљон пати. Недостапно.
Среќа што никој не ме слуша што мислам!
15-годишна напишала статус: Веќе ништо не може да ме изненади. Изгледа ги отворила сите киндер јајца.