#Страв
Сѐ што ти треба е на другата страна од стравот.
Сѐ што ти треба е на другата страна од стравот.
Кога те боли глава напиј се диазепам. Нема да ти помине главата, ама нема да се замараш дека те боли.
Ако некој плаче не значи дека е слаб, можеби плаче дека е дебел.
Денес се навршуваат точно 20 год. како не ми се оди на работа.
Една другарка рече ќе ослабе пет кила до летоска и еве уште седум ѝ останаа.
“Не си ти, јас сум”… – вака се караат кинези гледајќи фамилиjарна слика.
Универзални имиња за келнери сe: 1.Извини, 2.Шефе, 3.Џони, 4.Лепи, 5.Друже, 6.Еј, 7.Братче, 8.Дечко
Ако поштарот носи пошта, тогаш што носи курирот?!?
Среќно оженет е само оној човек кој го разбира секој збор што неговата жена не го изговорила.
Кога легна, кога стана. – Плата.
За дете од петто одделение мува треба да е само именка, а не и глагол.
Едноставно е, ако некој ти сврти грб удри му клоца во гз.
Влегува атеист во црква и не му се верува!
Замисли луѓето да се срамеа од карактерот како што се срамат од изгледот?
Од покачување на работа, добив само покачен притисок.
Нaдвoр е 36 степени, real feel е 39 a директнo излoжен нa сoнце е 7-oт круг oд пекoлoт.
Оддалечен сум 500€ од плажа.
Лесно ни е нас што не одиме на одмор, не мора да вежбаме за на плажа.
Чекирај се кога идеш на одмор. Олесни му на тој што сака да ти го ограби станот.
Кога подобро ќе размислам подобро е да не мислам. Штом ќе помислам на нешто веднаш се замислувам.