#МисламЗначиМожам
Ми викат „Мисли малку”, а никој не ме прашува дали можам.
Ми викат „Мисли малку”, а никој не ме прашува дали можам.
Сo децa не се пие рaкијa, ќе ти јa изедaт сaлaтaтa…
Снешкото за 1 Мај правете го подалеку од скарата.
За денешниве девојки идеален маж е пензионер, не живее со мајка му, има редовни примања и секогаш има време…
Небитен си како џеб на бањарка.
Кој га поручи Април од Али Експрес, одма да га врати.
Сродна душа всушност е таа што можеш да ја истрпиш.
Мама рече ако се истетовирам да се иселам од дома… Тато се истетовира прв.
Поглупо прашање од “што има ново” ми е “и што друго ќе кажеш”.
Ако сакате да дознаете колку роднини имате, купете си стан во Охрид.
Ја не стаив слика од јајцата пошо му искочија модри.
Маж ми ми вика дека не сум обраќала внимание на деталите. Да бидам искрена, не ни знаев дека сум мажена.
Расположливата состојба на сметка не ми е баш да се расположиш…
Старите кажуваат:„Памти па врати”. Јас одма враќам бидејќи имам проблеми со памтењето.
Уште ти фалеше сега. – Единица мерка за непожелен гостин.
Порано и купував решко на ќерка ми да решава лавиринти. Сега ја носам во сити мол во веце и ја оставам да се врати...
Ај да станам пошо животов нема сам да се заебе.
Мамо ма, кај ми ја стави среќата кога расчистуваше?
Од мерак се прават многу работи, од инает дупло повеќе!
Сите ги сакам, само разликата е во растојанието, некои ги сакам до мене, некои што подалеку.