| четврток, 6 декември 2018 |

53 лица загинаа во земјотрес во Кина

zemjotres kinaНајмалку 53 лица загинаа, а околу 300 се повредени во земјотресот што ја погоди северозападната кинеска провинција Гансу. Геофизичкиот институт на САД соопшти дека земјотресот бил со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 10 километри, а според кинескиот сеизмолошки институт тој бил 6,6 степени.

Повеќето објекти во селото Минсјан, кое се наоѓа најблиску до епицентарот, се разурнати, а сериозно се погодени селата Мичуан и Пума.

Во спасувачките акции учествуваат и војската и полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top